НАЈМАЛКУ 27 МРТВИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА И ПОЖАР НА БЕНЗИНСКА ПУМПА ВО РУСИЈА

    НАЈМАЛКУ 27 МРТВИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА И ПОЖАР НА БЕНЗИНСКА ПУМПА ВО РУСИЈАПожарот почнал на паркингот наспроти бензинската станица (Фото: АП)

    Најмалку 27 луѓе загинаа во експлозија и пожар на бензинска станица во Дагестан во јужна Русија. Експлозијата се случи во регионалниот главен град Махачкала, кој се наоѓа на брегот на Каспиското Море.

    Во несреќата, чија точна причина не е позната, има и десетици повредени и властите кажаа дека постои опасност од дополнителни експлозии.

    На местото на несреќата се распоредени 260 пожарникари и летало за евакуација на сериозно повредените во Москва. Меѓу загинатите се и три деца“, соопшти руското министерство за вонредни ситуации.

    Руските медиуми објавија дека пожарот се проширил на површина од 600 квадратни метри. Неименуван очевидец изјави дека пожарот почнал на паркингот наспроти бензинската станица.

    Рускиот Истражувачки комитет соопшти дека „пожарот избувнал при некои работи во сервис за автомобили“, по што уследила гласна експлозија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира