НАЈМАЛКУ 40 МИГРАНТИ УБИЕНИ ВО ВОЗДУШЕН НАПАД ВО ТРИПОЛИ

    НАЈМАЛКУ 40 МИГРАНТИ УБИЕНИ ВО ВОЗДУШЕН НАПАД ВО ТРИПОЛИСе очекува бројот на мртви да расте бидејќи во погодениот хангар имало над 120 луѓе (Фото: АП)

    Најмалку 40 луѓе се убиени во воздушен напад во кој беше погодено прифатилиште за мигранти во источно предградие на Триполи, Либија, а уште 80 се повредени. Повеќето од загинатите се мигранти од африкански држави.

    Осама Али, портпарол на итните служби, изјави дека повеќе од 120 мигранти биле во хангарот што директно беше погоден во нападот. Тој додаде дека ова е привремена бројка загинати и дека веројатно ќе биде многу поголема.

    Владата што ја има поддршката на Обединети нации ја обвини Либиската национална армија (ЛНА) за нападот, што се случи во предградието Таџура.

    „Нападот беше смислен и прецизен. Ова е ужасно злосторство“, соопшти владата.

    ЛНА, предводена од генералот Калифа Хафтар, во понеделникот објави дека ќе почне со жестоки воздушни напади на Триполи, бидејќи „биле исцрпени традиционални начини на војна“. Сепак, портпаролот на ЛНА изјави дека нивните сили не се виновни за овој напад.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира