НАЈМАЛКУ 20 ЗАГИНАТИ ВО РУСКИ НАПАД ВРЗ ЗАПАДНА УКРАИНА, ВО ТЕРМОПИЛ ПОГОДЕНА СТАНБЕНА ЗГРАДА

    НАЈМАЛКУ 20 ЗАГИНАТИ ВО РУСКИ НАПАД ВРЗ ЗАПАДНА УКРАИНА, ВО ТЕРМОПИЛ ПОГОДЕНА СТАНБЕНА ЗГРАДАВо Термопил е погодена станбена висококатница, при што се уништени горните катови (Фото: Телеграм)

    Најмалку 20 луѓе загинаа, а 66 се повредени во денешниот руски напад врз западниот украински град Термопил. Меѓу повредените се и 16 деца, изјави министерот за внатрешни работи Игор Клименко.

    Ова е еден од најсмртоносните напади врз западна Украина од почетокот на руската инвазија. Покрај Термопил, мета биле уште два западни региона, Лвов и Ивано-Франкивск.

    Володимир Зеленски кажа дека Русија во денешниот напад лансирала над 470 дронови и 48 проектили, што предизвикало значајни уништувања.

    „Во Термопил е погодена станбена висококатница, при што се уништени горните катови. Под урнатините би можело да има уште луѓе“, изјави Зеленски.

    Рускиот напад уследи ден откако украинската војска објави дека лансирала американски проектили со долг дострел „АТАЦМС“ кон воени цели во Русија. Руското министерство за одбрана кажа дека Украина испукала четири проектили кон рускиот град Воронеж, тврдејќи дека сите биле соборени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира