НАЈМАЛКУ ОСУМ ЗАГИНАТИ ВО ПУКАЊЕТО ВО СИНАГОГА ВО ПИТСБУРГ

    НАЈМАЛКУ ОСУМ ЗАГИНАТИ ВО ПУКАЊЕТО ВО СИНАГОГА ВО ПИТСБУРГПукањето се случи за време на служба во една од најголемите еврејски заедници во Пенсилванија (Фото: АП)

    Повеќе луѓе се убиени во синагога во Питсбург, откако вооружено лице отворило оган за време на редовна саботна служба.

    Напаѓачот, кој додека пукал извикувал „сите Евреи мора да умрат“, ѝ се предал на полицијата, по што повреден бил превезен во локална болница. Неговиот идентитет не е објавен, но локални медиуми кажаа дека станува збор за 48-годишен белец, кој дејствувал сам. Властите кажаа дека има и 12 повредени, од кои тројца се полицајци.

    Иако бројката на мртви официјално не е потврдена, „Си-Би-Ес Питсбург“ објави дека има најмалку осум загинати.

    Пукањето се случи во една од најголемите еврејски заедници во Пенсилванија. Синагогата била преполна со луѓе во моментот на пукањето.

    „Ова пукање е ужасна, ужасна работа. Срамота е што гледаме како ова постојано се повторува толку многу години“, изјави Доналд Трамп, опишувајќи го напаѓачот како манијак.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира