Најмалку 7 луѓе се убиени и 25 се повредени во германскиот град Хамбург во пукотница во црква што ја користеле Јеховини сведоци, изјавија од полицијата.
Се претпоставува дека напаѓачот е меѓу мртвите.
Нападот се случил околу 21 часот во четврток.
На жителите што живеат во околината им е испратена порака да не ги напуштаат своите домови додека трае полициската операција.
Полицијата уште нема веродостојна информација за мотивот на нападот.