Фауџа Синг, британско-индиски тркач за кого се верува дека бил најстариот маратонец во светот, почина на 114 години откако бил удрен од автомобил во Индија. Полицијата соопшти дека Синг преминувал улица во родното село кога бил удрен од неидентификувано возило. Мештаните го однеле во болница, каде што починал.
Синг поставил рекорди во маратонот во повеќе возрасни категории, дури и откако наполнил 100 години. Тој почнал да трча на 89 години и истрчал девет маратони меѓу 2000 и 2013 година, кога се пензионирал. Во Торонто во 2011 станал првиот стогодишник кој истрчал маратон во целост.
„Во тек е потрага и обвинетиот наскоро ќе биде фатен“, објави полицијата.
Индискиот премиер Нарендра Моди му оддаде почит на Синг, нарекувајќи го исклучителен спортист со неверојатна решителност.
Сепак, Гинисовата книга на рекорди не го призна Синг за најстар маратонец во светот зашто тој не можел да приложи извод од матична книга на родените од 1911 година.