НАПАДИТЕ ВО ШРИ ЛАНКА СЕ ОДМАЗДА ЗА МАСОВНОТО ПУКАЊЕ ВО КРАЈСТЧРЧ, ВЕЛАТ ВЛАСТИТЕ

    НАПАДИТЕ ВО ШРИ ЛАНКА СЕ ОДМАЗДА ЗА МАСОВНОТО ПУКАЊЕ ВО КРАЈСТЧРЧ, ВЕЛАТ ВЛАСТИТЕШри Ланка почна да ги погребува жртвите во неделните напади, додека бројот на загинати порасна на 321 (Фото: Ројтерс)

    Неделните велигденски напади во Шри Ланка, во коишто загинаа најмалку 320 луѓе, биле одговор на неодамнешното масовно пукање во џамиите во Крајстчрч, изјави министерот за одбрана Руван Виџевардене.

    „Истрагата покажа дека нападите се изведени во знак на одмазда за нападите врз муслиманите во Крајстчрч“, кажа Виџевардене во парламентот.

    Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите, во кои учествувале шест-седум бомбаши самоубијци, но властите две недели порано биле предупредени дека една екстремистичка група упатува закани преку социјални мрежи.

    „Тие почнаа да се појавуваат набргу по масакрот во Нов Зеланд, кога беа убиени 50 луѓе во две џамии“, додаде Виџевардене.

    Сепак, експертите се сомневаат дека локална група можела да ги изведе овие напади, имајќи ги предвид нивната добра испланираност и опремата што е употребена.

    И додека Шри Ланка почна со првите масовни погреби на жртвите, бројот на загинатите порасна на 321, вклучувајќи 38 странски државјани. Досега се приведени 40 лица кои се поврзуваат со нападите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира