НЕ СМЕ НИ ВО ВОЈНА НИ ВО МИР, ВЕЛИ ШВЕДСКА, КОЈА ПРВПАТ ЌЕ ИСПРАТИ ВОЕНИ БРОДОВИ ВО БАЛТИЧКОТО МОРЕ

    НЕ СМЕ НИ ВО ВОЈНА НИ ВО МИР, ВЕЛИ ШВЕДСКА, КОЈА ПРВПАТ ЌЕ ИСПРАТИ ВОЕНИ БРОДОВИ ВО БАЛТИЧКОТО МОРЕШведска не ја исклучува можноста дека последните инциденти во Балтичкото Море биле саботажа (Фото: АП)

    Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека неговата земја не е ни во војна ни во мир откако објави дека Шведска за првпат ќе испрати свои вооружени сили во Балтичкото Море за да се засили надзорот по серија наводни саботажи на подводни кабли.

    Тој кажа дека Шведска ќе стави на располагање три воени брода и набљудувачки авион за да се следат клучната инфраструктура и руската „тајна флота“, додека НАТО се обидува да ја заштити подводната инфраструктура. Според Кристерсон, не смее да се исклучи дека последните пресекувања на кабли во Балтичкото Море биле со непријателска намера.

    Шведска не е во војна, но не е ни во мир. Вистински мир бара слобода и отсуство на сериозни конфликти помеѓу државите. Но, ние и нашите соседи сме изложени на хибридни напади, извршени не од роботи и војници, туку од компјутери, пари и дезинформации. Оние кои сакаат мир мора да бидат спремни за војна“, изјави Кристерсон.

    Тој потоа објави дека Шведска за првпат ќе испрати воени бродови и извидувачки авион во Балтичкото Море.

    Ова доаѓа откако кон крајот на минатата година беа пресечени важни подводни кабли меѓу Германија и Данска, Шведска и Литванија и меѓу Естонија и Финска.

    Шведска нема да носи брзи заклучоци и да обвинува некого за саботажа без цврсти докази, но исто така не сме наивни“, рече шведскиот премиер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира