Неколку луѓе се застрелани во редакцијата на весникот „Капитал газете“ во Анаполис, Мериленд, изјави еден од вработените.
Од локалната полиција потврдија за Си-Ен-Ен дека има неколку убиени и повредени, при што Си-Би-Ес објави дека има најмалку четворица загинати.
Едно лице, за кое се верува дека е напаѓачот, е приведено. Тој наводно пукал низ стаклена врата, при што погодил повеќе вработени.
„Напаѓачот пукаше низ стаклена врата од канцеларијата и застрела повеќе вработени во весникот. Не можам да кажам повеќе од ова, но изгледа доста лошо“, напиша новинарот Фил Дејвис на Твитер.