НЕМА ТРАГА ОД ОСУМТЕМИНА ПЛАНИНАРИ КОИ ИСЧЕЗНАА ПО ЛАВИНА НА ХИМАЛАИ

    НЕМА ТРАГА ОД ОСУМТЕМИНА ПЛАНИНАРИ КОИ ИСЧЕЗНАА ПО ЛАВИНА НА ХИМАЛАИГрупата се обидуваше да го искачи врвот Нанда Деви на индискиот дел од Хималаи (Фото: Гети)

    Осумтемина планинари кои исчезнаа на Хималаи не се лоцирани во првичната хеликоптерска потрага и сè помали се надежите дека ќе бидат пронајдени.

    Два индиски воени хеликоптера и спасувачки тим го пребараа регионот околу планината Нанда Деви, што групата тргна да ја искачува. Четворица Британци, двајца Американци, Австралиец и Индиец се водат како исчезнати по голема лавина на вториот најголем врв во Индија и властите велат дека ќе бидат потребни денови за да се утврди последната позната локација на групата.

    „Првата потрага од воздух е завршена и забележан е само еден шатор, но наоколу немаше човечко движење“, изјави Виџај Кумар Џогданда, главниот цивилен службеник на областа Питорагар.

    Тој потврди дека во регионот околу Нанда Деви имало неколку лавини во изминатиот период. Нова хеликоптерска потрага е најавена за утре.

    „Видливоста е слаба и имаше бури. Тешко е да се каже дали ќе успееме да ги пронајдеме“, додаде Џогданда.

    Осумтемина исчезнати беа дел од групата од 12-мина планинари, кои го почнаа искачувањето на 13 мај. Дел од групата се врати во камп на 25 мај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира