Владимир Некрасов, претседателот на втората најголема руска нафтена компанија „Лукоил“, почина ненадејно на 66 години. Од компанијата соопштија дека Некрасов претрпел срцев удар.
„Некрасов работеше во секторот за нафта и гас на ‘Лукоил‘ речиси 50 години, а беше и првиот потпретседател и советник на претседателот на компанијата“, кажаа од „Лукоил“.
За разлика од повеќето руски компании, „Лукоил“ јавно се изјасни против руската воена операција во Украина, па во март 2022 бордот на директори „изрази загриженост за трагичните настани и повика на најбрз можен крај на вооружениот конфликт“. Претходниот шеф на „Лукоил“, Равил Маганов, почина во септември 2022 откако падна од прозорец на болница во Москва.
Неколкумина руски бизнисмени од енергетскиот сектор починаа ненадејно во нејасни околности по почетокот на руската инвазија на Украина.