НЕПРИЈАВЕНИТЕ ТЕХНО ЖУРКИ ЌЕ СТАНАТ КРИВИЧНО ДЕЛО ВО ИТАЛИЈА, ОБЈАВИ НОВАТА ВЛАДА

    НЕПРИЈАВЕНИТЕ ТЕХНО ЖУРКИ ЌЕ СТАНАТ КРИВИЧНО ДЕЛО ВО ИТАЛИЈА, ОБЈАВИ НОВАТА ВЛАДАОколу илјада луѓе се собраа на прекинатата журка во складиште во Модена (Фото: ЕПА)

    Одржувањето непријавени техно журки ќе стане кривично дело, објави новата италијанска влада набргу откако беше запрена една таква забава во северна Италија.

    Новото обвинение за „инвазија заради опасен собир на повеќе од 50 луѓе“ може да резултира со затворска казна до шест години и ќе отвори можност за прислушување на организаторите на журките.

    „Забавата е готова“, изјави премиерката Џорџа Мелони.

    Критичарите ја прашаа владата зошто ѝ пречат млади луѓе кои се забавуваат, а го игнорираше фашистичкиот марш на 2.000 луѓе во родното место на Бенито Мусолини викендов.

    Околу илјада луѓе се собраа на прекинатата журка во едно складиште во Модена. Полицијата упаднала откако локални жители се пожалиле на 48 часа непрекината техно музика од забавата по повод ноќта на вештерките, на која дошле и луѓе од Белгија и Франција. Журката требало да трае до денеска.

    Мелони вели дека новиот закон има за цел да ги заштити луѓето од штета и не се разликува од оние што постојат во други делови од Европа. И претходната влада почна да работи на промени на закони откако две лица починаа на голема забава во централниот град Витербо минатата година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира