„НЕСТЛЕ“ ГО ОТПУШТИ СВОЈОТ ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР ПОРАДИ ЉУБОВНА ВРСКА СО КОЛЕШКА

    „НЕСТЛЕ“ ГО ОТПУШТИ СВОЈОТ ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР ПОРАДИ ЉУБОВНА ВРСКА СО КОЛЕШКАЛоран Фрекс работел во компанијата 39 години, а лани во септември беше назначен за директор (Фото: Гети)

    Нестле“ го отпушти својот извршен директор Лоран Фрекс по истрагата за „непријавена романтична врска“ со една од вработените, за која беше утврдено дека го прекршила кодексот на деловно однесување. Фрекс работел во компанијата 39 години, а лани во септември беше назначен за директор.

    Ова беше неопходна одлука. Му благодарам на Лоран за неговите години служба“, изјави претседателот на „Нестле“, Пол Булке, кој ја водеше истрагата.

    На местото на Фрекс дојде шефот на „Неспресо“, Филип Навратил, кој ќе се обиде да ги подобри продажбите на најголемата светска компанија за храна.

    Ненадејното отпуштање на Фрекс уследи по истрага за неоткриена романтична врска со директен подреден, што го прекрши кодексот на деловно однесување на ‘Нестле‘“, соопшти компанијата, додавајќи дека Фрекс нема да добие отпремнина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира