„НЕТФЛИКС“ ГИ КУПИ „ВОРНЕР БРОС“ И „ЕЈЧ-БИ-О МАКС“ ЗА 72 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

    „НЕТФЛИКС“ ГИ КУПИ „ВОРНЕР БРОС“ И „ЕЈЧ-БИ-О МАКС“ ЗА 72 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИПреземањето би можело да доведе до радикално преобликување на американската филмска и медиумска индустрија (Фото: Гети)

    „Нетфликс“ се согласи да ги купи филмските и стриминг бизниси на „Ворнер брос Дискавери“ за 72 милијарди долари. „Ворнер брос“ ги поседува франшизите „Хари Потер“, „Супермен“, „Бетмен“, „Игра на тронови“ и „Белиот лотус“ и стриминг услугата „Ејч-Би-О макс“.

    Преземањето би можело да доведе до радикално преобликување на американската филмска и медиумска индустрија, но останува нејасно дали овој потег ќе биде одобрен од американските регулатори.

    „Со комбинирањето на нашата и библиотеката со серии и филмови на ‘Ворнер брос‘ ќе можеме да ѝ дадеме на публиката повеќе од она што го сака и да помогнеме во дефинирањето на следниот век на раскажување приказни“, изјави коизвршниот директор на „Нетфликс“ Тед Сарандос.

    Дејвид Заслав, претседателот и извршен директор на „Ворнер брос“, рече дека оваа зделка „ги спојува двете од најголемите компании за раскажување приказни во светот“.

    „Нетфликс“ дал гаранции дека и натаму ќе му дозволува на филмското студио „Ворнер брос“ да прави широка кинодистрибуција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира