НИ ТРЕБА СМИРЕНОСТ, А НЕ ХАОС – ТЕЈЛОР СВИФТ ЈА ПОДДРЖА КАМАЛА ХАРИС ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА ПО ДЕБАТАТА СО ТРАМП

    НИ ТРЕБА СМИРЕНОСТ, А НЕ ХАОС – ТЕЈЛОР СВИФТ ЈА ПОДДРЖА КАМАЛА ХАРИС ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА ПО ДЕБАТАТА СО ТРАМПСвифт ја опиша Харис како стабилна, надарена лидерка (Фото: Гети)

    Најголемата поп-ѕвезда на денешнината Тејлор Свифт ѝ даде поддршка на Камала Харис набргу по завршувањето на ТВ-дебатата со Доналд Трамп. Таа на овој начин го прекина молкот околу претстојните претседателски избори во САД.

    Ќе гласам за Камала Харис затоа што таа се бори за правата и каузите и верувам дека ни треба воин за да ги брани“, напиша Свифт на Инстаграм.

    Свифт, која го поддржа и Џо Бајден на претходните избори, ја опиша Харис како стабилна, надарена лидерка.

    Мислам дека ќе можеме да постигнеме многу повеќе во оваа земја ако ја води смиреност, а не хаос“, кажа Свифт.

    Објавата на Свифт беше проследена со фотографија на која држи мачка, со што алудираше на коментарите на републиканскиот кандидат за потпретседател Џеј Ди Венс, кој за неколку угледни демократки, вклучувајќи ја и Харис, кажа дека се жени без деца кои чуваат мачки, чии животи се мизерни.

    Свифт кажа дека била мотивирана јавно да сподели за кого ќе гласа откако на сајтот на Трамп се појавија фотографии направени со вештачка интелигенција кои лажно прикажуваат дека таа го поддржува.

    Ова не е првпат поп-ѕвездата да го поддржи демократскиот кандидат во трката против Трамп. Свифт ја објави својата поддршка за претседателот Џо Бајден и Харис како неговa потпретседателкa еден месец пред изборите во 2020 година. Свифт исто така беше гласнa критичаркa на Трамп за време на неговото претседателствување околу националните протести поради полициското убиство на Џорџ Флојд.

    Поддршката од Свифт може да влијае на регистрацијата на гласачите. Но, бидејќи нејзината база обожаватели се младите и жените – а тоа е веќе базата на поддржувачи на Харис – нејзината поддршка можеби нема да има големо влијание на изборите во ноември.

    Пејачката има 283 милиони следбеници на Инстаграм. Објавата со нејзината поддршка доби повеќе од 4,5 милиони лајкови на Инстаграм за помалку од три часа откако ја објави.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира