НИШТО ОД РАЗГОВОРИТЕ САД-ИРАН, ТРАМП ГО ОТКАЖА ПАТУВАЊЕТО НА ВИТКОФ И КУШНЕР ВО ПАКИСТАН

    НИШТО ОД РАЗГОВОРИТЕ САД-ИРАН, ТРАМП ГО ОТКАЖА ПАТУВАЊЕТО НА ВИТКОФ И КУШНЕР ВО ПАКИСТАНМесто со американските преговарачи, Арагчи се сретна со пакистанскиот премиер Шариф и други високи функционери (Фото: АП)

    Доналд Трамп го откажа патувањето на американските преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер во Исламабад откако иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи си замина оттаму. Трамп ја откажа планираната посета поради, како што рече, огромна конфузија во иранското раководство.

    Премногу време потрошено на патување, премногу работа! Освен тоа, има огромни внатрешни борби и конфузија во нивното лидерство. Никој не знае кој е надлежен. Исто така, ние ги имаме сите карти, тие немаат ништо! Ако сакаат да разговараат, сè што треба да направат е да се јават“, напиша Трамп на Трут соушл.

    Арагчи претходно го напушти пакистанскиот главен град по разговорите со премиерот Шехбаз Шариф и други високи функционери. Тој подоцна ја опиша својата посета на Пакистан како многу плодна, додавајќи дека „го споделил ставот на Иран во врска со функционална рамка за трајно завршување на војната“.

    Сè уште не сме виделе дали САД се навистина сериозни во врска со дипломатијата“, рече Арагчи, кој од Пакистан замина за Оман, а потоа ќе патува и во Москва.

    Иако Трамп најави директни разговори помеѓу Иран и САД. Техеран ја отфрли таквата можност „зашто не ги прифаќа максималистичките барања на Вашингтон“.

    Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, изјави дека САД забележале одреден напредок кај иранската страна во последните денови и се надеваат дека ќе има уште повеќе во текот на викендот, но денешниот развој на настаните претставува голем удар за можноста за преговори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира