Кралската шведска академија објави дека годинашните добитници на Нобеловата награда за економија се бившиот претседател на Федералните резерви на САД Бен Бернанки и уште двајца Американци, Даглас Дајмонд и Филип Дибвиг. Како што е наведено, тие се наградени за нивното истражување на банките и финансиските кризи.
„Нивната работа покажа зошто е важно да се избегне колапсот на банките“, кажаа од Нобеловиот комитет.
Со нивното истражување од почетокот на 1980-ите, тројцата економисти ги поставиле основите за регулирање на финансиските пазари и за справување со финансиските кризи.