НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ФИЗИКА ДОДЕЛЕНА НА ТРОЈЦА НАУЧНИЦИ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНИТЕ

    НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ФИЗИКА ДОДЕЛЕНА НА ТРОЈЦА НАУЧНИЦИ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНИТЕПјер Агостини, Ференц Краус и Ан Л‘Улиер се пионери на атосекундна физика (Фото: Икс)

    Нобеловата награда за физика за 2023 им е доделена на тројца пионери на атосекундна физика. Генералниот секретар на Кралската шведска академија на науки Ханс Елегран објави дека наградата ја добиваат Пјер Агостини (Франција/САД), Ференц Краус (Унгарија/Австрија) и Ан Л‘Улиер (Франција).

    „Нивната работа демонстрираше начин да се создадат екстремно кратки импулси на светлината, што може да се користи за мерење на брзите процеси во кои што електроните се движат или менуваат енергија“, соопшти академијата.

    Добитниците ќе поделат награда од 10 милиони шведски круни (800.000 фунти).

    „Нивните експерименти му дадоа на човештвото нови алатки за истражување на светот на електроните во атомите и молекулите“, рекоа од академијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира