НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ХЕМИЈА ЗА ПРВПАТ ДОДЕЛЕНА НА ДВЕ ЖЕНИ

    НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ХЕМИЈА ЗА ПРВПАТ ДОДЕЛЕНА НА ДВЕ ЖЕНИЕмануел Шарпентје и Џенифер Дудна се заслужни за откривање на метод за изменување на ДНК (Фото: Ројтерс)

    Две жени ќе ја поделат годинашната Нобелова награда за хемија за развивање на алатките за изменување на ДНК, откако за добитници беа прогласени Французинката Емануел Шарпентје и Американката Џенифер Дудна.

    Нивното откритие познато како Цриспр-Цас 9 овозможува да се прават специфични и прецизни промени во ДНК содржана во живи клетки.

    Ова е првпат во историјата две жени да ја делат оваа Нобелова награда, за што ќе им припаднат десет милиони шведски круни (1,1 милион долари).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира