Двајца анерикански научници кои открија како човечкото тело чувствува допир и топлина се добитници на годинашната Нобелова награда за медицина и физиологија.
Наградата од десет милиони шведски круни (1,14 милиони долари) ќе ја поделат 65-годишниот професор на Уницерзитетот во Сан Франциско Дејвид Џулиус и 54-годишниот Ардем Патапутијан, кој емигрирал во САД од Либан во 1980-ите. Нивната работа се фокусира на полето на соматосензација и тие ги идентификувале рецепторите во кожата кои реагираат на топлина и притисок.
„Тоа е многу важно и големо откритие“, изјави Томас Перлман од Нобеловиот комитет.
Нивните откритија помогнаа да се развијат нови начини на лекување болка.