Новата руска нуклеарна подморница „Царот Александар Трети“ изведе успешно пробно лансирање на интерконтиненталниот балистички проектил „булава“, способен да носи нуклеарни боеви глави.
„Истрелувањето на балистичка ракета беше последниот елемент од државните тестови, по што ќе биде донесена одлука за вклучување на крстосувачот во редовите на морнарицата“, соопшти руското министерство за одбрана.
Проектилот бил лансиран од подводна позиција во Белото Море покрај северниот брег на Русија и погодил цел на полуостровот Камчатка оддалечена илјадници километри. Дванаесет метри долгиот проектил „булава“ има проценет дострел од 8.000 километри и може да носи шест нуклеарни боеви глави.
„Подморницата ‘Цар Александар Трети‘ е опремена со 16 проектили ‘булава‘ и модерни торпеда“, кажаа од министерството.
Путин учествуваше на церемонијата во декември на која оваа подморница беше ставена во погон. Руската морнарица има три нуклеарни подморници од оваа класа во служба, а уште три се во изградба.