Седумнаесет новинари и менаџери на турски опозициски весник „Џумхуриет“ се на судење за наводно помагање на терористичка организација. Доколку се прогласат виновни за ова дело, може да им бидат изречени казни од 43 години затвор. Десетмина од нив се во притвор веќе девет месеци.
Пред судницата во Инстанбул, голема топла поддржувачи на обвинетите новинари пушташе балони и повикуваше на нивно ослободување. Ситуацијата беше хаотична и дел поддржувачите се обидоа да влезат во судницата на почетокот на судењето.
За време на судењето во преполната судница, поранешниот колумнист на „Џумхуриет“ Кадри Гурсел кажа пред судот дека сите обвинувања против него се лажни и дека методите употребени за да изградат случај против него се нелегални.
Поддржувачите на обвинетите цврсто стојат на ставот дека судењето е политички мотивирано.
Околу 150 медиуми се затворени во Турција по неуспешниот пуч минатото лето и околу 150 новинари се зад решетки, најмноуг од нив обвинети за тероризам.