НОВИНАРОТ КАШОГИ ЗАГИНАЛ ВО ТЕПАЧКА ВО КОНЗУЛАТОТ, ОБЈАВИ САУДИСКА АРАБИЈА

    НОВИНАРОТ КАШОГИ ЗАГИНАЛ ВО ТЕПАЧКА ВО КОНЗУЛАТОТ, ОБЈАВИ САУДИСКА АРАБИЈАПоради смртта на Кашоги наводно се уапсени 18 лица (Фото: АФП)

    Саудиска Арабија првпат призна дека колумнистот на „Вашингтон пост“ и гласен критичар на нејзината власт, Џамал Кашоги, е мртов.

    Државната телевизија објави дека првичната истрага заклучила дека Кашоги загинал во тепачка во саудискиот конзулат во Истанбул, поради што се отпуштени заменикот шеф на разузнавачката служба Ахмад ал-Асири и близок соработник на принцот Бин Салман, Сауд ал-Катани.

    Претседателот на САД Доналд Трамп кажа дека ова што се случило е неприфатливо, но додаде дека Саудиска Арабија е „одличен сојузник“.

    Саудиска Арабија повеќе од две недели негираше вмешаност во смртта на Кашоги, кој исчезнал на 2 октомври, кога влегол во конзулатот за да добие потврда за развод. Кралството оттогаш беше под силен притисок на меѓународната јавност, особено од Турција, која од старт тврдеше дека Кашоги е убиен.

    Јавниот обвинител на Саудиска Арабија објави дека Кашоги се степал со луѓе со кои се сретнал во конзулатот, при што починал.

    „Истрагата е во тек. Осумнаесетмина државјани на Саудиска Арабија се уапсени“, кажа обвинителот, не давајќи никаков доказ за ваквиот развој на настаните.

    Државната телевизија соопшти дека принцот Бин Салман наредил отпуштање на двајца високи функционери, додека Трамп кажа дека верува во верзијата што ја понудија Саудијците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира