Новогодишната ноќ заврши, но прославата на многу места се префрли на плажите, каде многумина решија да се искапат на првиот ден од 2017 година.
Дури и на северната хемисфера, славениците скокнаа во студените води на морињата и океаните.
Весело беше во Њујорк на Атлантскиот океан, во Остенде на Северното море и во Порторож на Јадранското море.
Некои во костими за капење, други во гардеробата од дочекот или по долна облека, но сите со насмевка на лицето.