ОБЈАВЕНИ УШТЕ ИЛЈАДНИЦИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПЕДОФИЛОТ ЕПСТАЈН, ИМА ФОТОГРАФИИ СО КЛИНТОН, МИК ЏЕГЕР И МАЈКЛ ЏЕКСОН

    ОБЈАВЕНИ УШТЕ ИЛЈАДНИЦИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПЕДОФИЛОТ ЕПСТАЈН, ИМА ФОТОГРАФИИ СО КЛИНТОН, МИК ЏЕГЕР И МАЈКЛ ЏЕКСОНЕпстајн во друштвото на Мајкл Џексон (Фото: Министерството за правда на САД)

    Министерството за правда на САД објави уште илјадници документи поврзани со сексуалниот престапник и педофил Џефри Епстајн, од кои дел се редактирани. Документите, кои вклучуваат фотографии, видеа и истражувачки материјали, се очекуваа со голем интерес откако американскиот Конгрес усвои закон за нивно објавување најдоцна до 19 декември. И покрај тоа, дел од документите ќе бидат објавени во следниот период.

    Во новообјавените документи се споменуваат и славни личности, како Бил Клинтон, Доналд Трамп, поранешниот британски принц Ендрју, Мик Џегер и Мајкл Џексон.

    Денеска објавуваме 3.965 документи, а уште десетици илјади ќе бидат објавени во следните недели“, изјави заменик-јавниот обвинител Тод Бланш.

    Бил Клинтон е снимен како плива во базен со соработничката на Епстајн, Гилејн Максвел (Фото: Министерството за правда на САД)

    Властите претходно кажаа дека е дозволено да се редактираат материјали за да се заштитат идентитетот на жртвите и сè што е поврзано со активна кривична истрага.

    На неколку фотографии е бившиот американски претседател Бил Клинтон, кој е снимен како плива во базен со соработничката на Епстајн, Гилејн Максвел. Клинтон има неколку фотографии со Епстајн од 1990-тите и 2000-тите, но никогаш не бил обвинет од жртвите на Епстајн и негираше дека знаел нешто за неговите злосторства.

    Во еден од документите е опишано како Епстајн го запознал Трамп со 14-годишно девојче на неговиот имот во Мар-а-Лаго во Флорида. За време на нивна средба во 1990-тите, Епстајн го прашал Трамп „добра е оваа, а?“, алудирајќи на девојчето, кое подоцна во тужбата тврдеше дека Епстајн ја злоставувал со години. Во тужбата немаше обвинувања против Трамп.

    Во новите документи првпат се споменуваат музички ѕвезди како Мајкл Џексон, Мик Џегер и Дајана Рос, но не е познато кога и каде биле снимени фотографиите со нив и во кој контекст.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира