ОБВИНИТЕЛИТЕ ПОБАРАА ЗАТВОР И ПЕТ ГОДИНИ ЗАБРАНА ЗА ВРШЕЊЕ ЈАВНА ФУНКЦИЈА ЗА МАРИН ЛЕ ПЕН НА СУДЕЊЕТО ЗА ПРОНЕВЕРА НА ЕВРОПСКИ ПАРИ

    ОБВИНИТЕЛИТЕ ПОБАРАА ЗАТВОР И ПЕТ ГОДИНИ ЗАБРАНА ЗА ВРШЕЊЕ ЈАВНА ФУНКЦИЈА ЗА МАРИН ЛЕ ПЕН НА СУДЕЊЕТО ЗА ПРОНЕВЕРА НА ЕВРОПСКИ ПАРИАко судот ја прогласи за виновна, Ле Пен нема да може да се кандидира на претседателските избори во 2027 (Фото: АП)

    Парискиот обвинител побара петгодишна затворска казна и пет години забрана за вршење јавна функција за лидерката на француската крајна десница Марин Ле Пен за проневера на фондови на Европската Унија. Судењето, кое се случува речиси една деценија откако почна првичната истрага, би можело да ги поткопа напорите на Националниот собир (РН) да си го исчисти имиџот пред претседателските избори во 2027, на кои што многумина ја сметаат партијата за фаворит.

    Покрај Ле Пен, им се судеше на уште 24 обвинети.

    Парискиот обвинител вчера побара парична казна за Ле Пен од 300.000 евра, но и казна за неподобност. Ако судот ја прогласи за виновна, Ле Пен нема да може да се кандидира на изборите, дури и ако се жали на пресудата.

    Ле Пен и 24-ца членови на РН се обвинети дека ги користеле парите на Европскиот парламент за да ги плаќаат луѓето кои работеле за партијата која тогаш се викаше Национален фронт.

    Законот важи за сите. Забраната за вршење јавна функција ќе ги оневозможи тужените да се кандидираат на идни локални или национални избори“, изјави обвинителот Никола Баре.

    Тој побара петгодишна затворска казна за Ле Пен, со можност за делумно ослободување.

    Мислам дека желбата на обвинителите е да го лишат францускиот народ од можноста да гласа за кого сака“, кажа Ле Пен, која претходно се изјасни како невина.

    Наводниот систем на лажни работни места, кој првпат бил откриен во 2015, ги опфаќа договорите за парламентарни асистенти меѓу 2004 и 2016. Обвинителите велат дека помошниците работеле исклучиво за партијата надвор од Европскиот парламент.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира