ОДГОВОРОТ НА ЕУ НА ЗАКАНИТЕ ОД ТРАМП ЌЕ БИДЕ ОБЕДИНЕТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ, РЕЧЕ ФОН ДЕР ЛАЈЕН

    ОДГОВОРОТ НА ЕУ НА ЗАКАНИТЕ ОД ТРАМП ЌЕ БИДЕ ОБЕДИНЕТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ, РЕЧЕ ФОН ДЕР ЛАЈЕНФон дер Лајен истакна дека за суверенитетот на Гренланд не се преговара (Фото: АП)

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им порача на САД да ги држат рацете подалеку од Гренланд, а ако Доналд Трамп ги реализира заканите со царини за осум европски земји за да ја принуди продажбата на Гренланд, Европската Унија ќе возврати со непоколеблив, обединет и пропорционален одговор. Таа, сепак, кажа дека му подава рака на американскиот претседател за продлабочување на соработката во арктичкиот регион.

    Безбедноста на Арктикот може да се постигне само заедно. Затоа предложените дополнителни царини се грешка, особено помеѓу долгогодишните сојузници. ЕУ и САД се согласија со трговски договор минатиот јули. И во политиката, како и во бизнисот – договор си е договор. Втурнувањето во опасна надолна спирала само би им помогнало на противниците што двајцата сме толку посветени да ги држиме подалеку од нашиот стратешки пејзаж“, рече Фон дер Лајен во говорот на Светскиот економски форум во Давос.

    Трамп утре ќе пристигне во Давос и најави дека таму ќе разговара за Гренланд со различни страни.

    Фон дер Лајен истакна дека за суверенитетот на полуавтономната данска територија не се преговара.

    „ЕУ ќе покаже целосна солидарност со Гренланд и планира масовно зголемување на инвестициите на островот“, рече таа.

    Во ЕУ постои поделеност околу тоа како најдобро да се одговори на заканите на Трамп, при што Франција бара да се употреби инструмент против принуда наречен трговска базука, со кој американските фирми би се исклучиле од единствениот пазар на блокот, додека други членки повикаа на воздржаност и дијалог.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира