ОКОЛУ 2.500 МРТВИ ФОКИ ПРОНАЈДЕНИ НА РУСКИОТ БРЕГ НА КАСПИСКОТО МОРЕ

    ОКОЛУ 2.500 МРТВИ ФОКИ ПРОНАЈДЕНИ НА РУСКИОТ БРЕГ НА КАСПИСКОТО МОРЕНејасно зошто се случил поморот, но веројатно станува збор за природни причини (Фото: АП)

    Околу 2.500 фоки се пронајдени мртви на брегот на Каспиското Море во јужна Русија. Регионалните власти во прв момент известија за 700 мртви фоки, но руското министерство за природни ресурси и животна средина ја зголеми бројката на околу 2.500.

    Властите на руската провинција Дагестан велат дека е нејасно зошто се случил поморот, но веројатно станува збор за природни причини. Касписките фоки се заведени како загрозен вид од страна на Меѓународната унија за заштита на природата.

    „Фоките веројатно угинале пред неколку недели. Нема знаци дека биле убиени или фатени во рибарски мрежи“, изјави Заур Гапизов, шефот на Каспискиот центар за заштита на животната средина.

    Тој додаде дека со првичните анализи не биле откриени траги на загадувачи, но се чекаат резултатите од лабораториските испитувања.

    Казахстан, кој има долг брег долж Каспиското Море, пријави три случаи на помор на морски животни оваа година, сите од природни причини.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира