ОПОЗИЦИЈАТА ФРЛИ ЧАДНА БОМБА ВО АЛБАНСКОТО СОБРАНИЕ ПОРАДИ ИЗБОР НА НОВА ОБВИНИТЕЛКА

    ОПОЗИЦИЈАТА ФРЛИ ЧАДНА БОМБА ВО АЛБАНСКОТО СОБРАНИЕ ПОРАДИ ИЗБОР НА НОВА ОБВИНИТЕЛКАПокрај чадната бомба во Собранието, надвор имаше протести и судири со полицијата. (Фото: Газета експрес)

    Арта Марку, новата в.д. јавна обвинителка на Албанија даваше заклетва меѓу чадот од фрлената бомбата на опозициските пратеници во Собранието. Веднаш откако таа рече „се колнам“, опозициските пратеници се почнаа со напад. Обезбедувањето се ангажираше веднаш да ја заштити обвинителката со чадор, а веднаш по нападот, претседателот на Собранието ја прекина седницата.

    Марку ќе ја задржи функцијата на неопределен рок, до создавањето на Совет на обвинителите преку правните реформи. За албанската опозиција, пак, овој процес не е уставен, и според нив, изборот на обвинител за 7-годишен мандат треба да се направи откако ќе се формира советот.

    Иако процесот на гласање беше отежнат од нападот на пратениците од опозицијата, по 20-минутна пауза, Арта Марку се врати во собраниската сала каде што одново даде заклетва како нова јавна обвинителка на Албанија.

    Истовремено, надвор од Собранието, илјада демонстранти насилно протестираа против оваа одлука, судирајќи се со полицијата и фрлајќи чадни бомби. Беа ранети пратеници, а пратеничката на Социјалистичко движење за интеграција, со закрвавени раце пред камера ја обвини полицијата дека била поврзана со криминалот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира