ОПШТИНА ВЕЛЕС ПЛАЌА ВИСОКА ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ НА УЧЕНИЦИ ОД РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ ОТИ НЕ САКААТ ДА БИДАТ СМЕСТЕНИ ВО ДОМ

    ОПШТИНА ВЕЛЕС ПЛАЌА ВИСОКА ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ НА УЧЕНИЦИ ОД РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ ОТИ НЕ САКААТ ДА БИДАТ СМЕСТЕНИ ВО ДОМОд 220 места во Средношколскиот интернат во Велес пополнети се 135 (Фото: СДК.МК)

    Средношколскиот дом „Лазар Лазаревски“ во Велес работи со половичен капацитет. Од 220 места пополнети се 135. Дел од учениците од Велешко кои живеат подалеку од 25 километри, како Богомила, Извор и Јаболчиште, не ги користат услугите на домот, иако имаат право на тоа. Затоа, пак, локалната власт плаќа висока цена за превозот на тие ученици до нивните места на живеење.

    „Колку е исплатливо локалната власт да плаќа високи сметки за автобуски превоз на ученици кои живеат подалеку од 25 километри од градот? Зошто не се сместат во домот како и другите? Мора да се будат рано наутро, зашто автобусот им тргнува во шест часот“, рече Игор Смилев, советник од Левица, на последната седница на Советот на Општина Велес.

    Објаснувањето за оваа дилема го даде директорот на велешкиот интернат, каде што се сместени ученици од Гевгелија, Радовиш и Дојран, но не и од оддалечените велешки села.

    „Законот вели дека ученикот го прави изборот дали ќе биде сместен во дом или ќе патува, тоа право не можеме да му го нарушиме. За да дојдат учениците кај нас, мора да бидат запишани во некое од средните училишта во градот“, изјави Марјан Јорданов, директорот на Средношколскиот интернат во Велес.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира