ОРБАН ЌЕ БИДЕ ИСКЛУЧЕН ОД ЕВРОПСКАТА НАРОДНА ПАРТИЈА АКО НЕ СЕ ИЗВИНИ ЗА КАМПАЊАТА ПРОТИВ ЕУ

    ОРБАН ЌЕ БИДЕ ИСКЛУЧЕН ОД ЕВРОПСКАТА НАРОДНА ПАРТИЈА АКО НЕ СЕ ИЗВИНИ ЗА КАМПАЊАТА ПРОТИВ ЕУНа 20 март ќе се дискутира за статусот на Фидес во ЕПП, кажа Манфред Вебер по средбата со Орбан (Фото: ЕПА)

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан беше предупреден да се извини за своите критики за Европската Унија или неговата партија Фидес ќе биде исклучена од најголемата група во Европскиот парламент, Европска народна партија (ЕПП).

    Ова претходно го побара претседателот на Комисијата, Жан-Клод Јункер, против кого Фидес поведе кампања во Унгарија, во која го спореди со контроверзниот милијардер Џорџ Сорос. И покрај зголемениот притисок во рамките на Европскиот парламент таа да биде суспендирана или исклучена, Фидес изрази желба да остане дел од ЕПП. Судирот ескалираше во пресрет на изборите за Европскиот парламент, закажани за мај.

    „Виктор Орбан мора веднаш и засекогаш да ја запре својата кампања против Брисел. На предлог на 12 членки на групата од девет земји, ЕПП на 20 март ќе дискутира за суспензија или исклучување на Фидес. Некои од нив дури се заканија дека ќе излезат од ЕПП ако Фидес остане“, изјави Манфред Вебер, претседателот на Европска народна партија.

    Во исто време, дел од партиите, меѓу кои и од Романија и Словенија, кажаа дека ќе ѝ дадат поддршка на Фидес.

    „Пред неколку месеци кажав дека најголемиот проблем на ЕПП има име и тоа е Орбан. Ќе го поддржам неговото исклучување“, изјави Јункер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира