ОСНОВАЧОТ НА „МАНГО“ ЗАГИНА ПРИ ИСТРАЖУВАЊЕ ПЕШТЕРИ БЛИЗУ БАРСЕЛОНА

    ОСНОВАЧОТ НА „МАНГО“ ЗАГИНА ПРИ ИСТРАЖУВАЊЕ ПЕШТЕРИ БЛИЗУ БАРСЕЛОНАШпанските медиуми јавија дека 71-годишникот паднал во провалија додека се искачувал во пештери. (Фото: Манго)

    Исак Андик, милијардерот основач на шпанскиот моден бренд „Манго“, загина во инцидент додека истражувал пештери близу Барселона.

    Шпанските медиуми јавија дека 71-годишникот паднал во провалија додека се искачувал во пештери во планината Монсерат во саботата. Андик бил со неговиот син и други членови на семејството кога паднал, според весникот „Ел Паис“.

    Андик, кој е роден во Турција, го основаше „Манго“ со помош на брат му Нахман во Барселона во 1984 година и сега брендот има речиси 3.000 продавници во 120 земји.

    Според „Форбс“, неговото богатство изнесува 5,4 милијарди долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира