ОСУММИНА МЛАДИ СЕ ЗАГУШИЛЕ СО ПЛИН ВО ВИКЕНДИЧКА ВО БОСНА

    ОСУММИНА МЛАДИ СЕ ЗАГУШИЛЕ СО ПЛИН ВО ВИКЕНДИЧКА ВО БОСНАДо несреќата дошла поради проблем со агрегатот за струја. (Фото: Ослобоѓење)

    Осуммина млади ги загубија животите во викендичка во Трибистово во БиХ, како последица на гушење со плин, објавија локалните медиуми.

    Како што неофицијално објави босанското издание на „Вечерњи лист“, станува збор за четири девојки и четири момчиња, сите околу 20 години, од Посушје и Ракитно во западна Херцеговина, а до несреќата дошла поради проблем со агрегатот за струја во викендичката во која биле за дочек на новата година.

    Во викендичката биле вкупно десетмина млади, двајца преживеале, но се во тешка состојба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира