ПАПАТА ФРАЊО ИМА ДВОЈНА ПНЕВМОНИЈА, ОБЈАВИ ВАТИКАН

    ПАПАТА ФРАЊО ИМА ДВОЈНА ПНЕВМОНИЈА, ОБЈАВИ ВАТИКАНВо неделата беа откажани сите планирани јавни настани на папата (Фото: Гети)

    Папата Фрањо развил пневмонија во двете белодробни крила и неговата состојба останува сложена, објави Ватикан.

    Осумдесет и осумгодишниот поглавар на Римокатоличката црква страда од респираторна инфекција повеќе од една недела и во петокот беше примен во римската болница „Џемели“.

    „Скенирањата на градниот кош покажаа почеток на двојна пневмонија, за што е потребна дополнителна терапија со лекови. Клиничката состојба на папата останува сложена. И покрај тоа, тој е во добро расположение и го помина денот во читање, одмор и молење“, соопшти Ватикан.

    Пред да биде примен во болница, папата имал симптоми на бронхитис, по што откажа појавување на неколку настани. Во неделата беа откажани сите негови јавни настани.

    Папата е подложен на белодробни инфекции откако во младоста имал плеврит, поради што на 21 година му бил отстранет дел од белодробно крило. Откако стана папа во 2013, тој беше хоспитализиран неколкупати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира