ПАПАТА ФРАЊО ПРИЗНА ДЕКА СВЕШТЕНИЦИ СЕКСУАЛНО ЗЛОУПОТРЕБУВААТ КАЛУЃЕРКИ И ГИ ДРЖАТ КАКО РОБИНКИ

    ПАПАТА ФРАЊО ПРИЗНА ДЕКА СВЕШТЕНИЦИ СЕКСУАЛНО ЗЛОУПОТРЕБУВААТ КАЛУЃЕРКИ И ГИ ДРЖАТ КАКО РОБИНКИЦрквата ги третира жените како луѓе од втора класа, вели папата Фрањо (Фото: Гети)

    Папата Фрањо призна дека свештеници сексуално злоупотребувале калуѓерки, а во еден случај ги држеле и како сексуални робинки. Тој откри дека неговиот претходник, папата Бенедикт, од таа причина дури затворил цела една конгрегација на калуѓерки.

    Се верува дека ова е првпат еден папа да призна постоење на вакви случаи во рамките на Католичката црква.

    „Црквата се обидува да се справи со овој проблем, но тоа и натаму се случува“, изјави папата Фрањо.

    Во ноември, глобалната организација на католички калуѓерки ја осуди политиката на молк и тајност, која им забранува јавно да зборуваат.

    Црквата си има проблем, а коренот на проблемот лежи во тоа што на жените се гледа како на луѓе од втора класа. Свештеници и бискупи имаат злоупотребувано калуѓерки. Црквата е свесна за скандалот и работи на него и голем број свештени лица веќе се суспендирани“, кажа тој по првата посета на еден папа на Арапскиот Полуостров.

    Папата Бенедикт во 2005 година ја распушти женската конгрегација Заедница на Сен Жан во Франција. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира