„Нетфликс“ ја повлече понудата за купување на „Ворнер брос Дискавери“, дозволувајќи му на „Парамаунт“ да победи во повеќемесечната битка за едно од најпознатите холивудски филмски студија. Вредноста на договорот се проценува на 111 милијарди долари.
„Ворнер брос“, кој лани објави дека е на продажба, кажа дека последната понуда на „Парамаунт“ е супериорна во споредба со онаа на „Нетфликс“, кој, пак, одби да ја зголеми својата понуда. Извршните директори на стриминг гигантот рекоа дека нема да се обидат да ја предизвикаат понудата на „Парамаунт“, велејќи дека договорот по таа цена веќе не е финансиски привлечен.
„Парамаунт“ пред неколку дена ја подобри својата понуда, нудејќи 31 долар за акција, додека „Нетфликс“ претходно постави цена од 27,75 долари за акција.
Победникот во наддавањето ќе ја преземе контролата врз легендарното филмско студио заедно со неговите филмови и медиумски мрежи, што би можело значајно да ги преобликува Холивуд и поширокиот медиумскиот пејзаж. Со оваа зделка, „Парамаунт“ го добива и стриминг сервисот „Ејч-Би-О макс“, а под негова капа би можел да дојде и „Си-Ен-Ен“.



