Патник од авионот на „Аерофлот“ што летал на релацијата Сургут-Москва наредил негово свртување кон Авганистан, објави агенцијата „Интерфакс“, повикувајќи се на извор од руската авиокомпанија.
Сајт за следење на летови покажал дека авионот кој летал кон Москва наеднаш свртел во спротивна насока. Тој потоа слетал во Ханти-Мансиск, западно од сибирскиот град Сургут, 240 километри пред својата конечна дестинација, потврди „Аерофлот“. Авионот слетал откако екипажот успеал да го убеди патникот дека им треба дополнување на гориво.
Полицијата кажа дека патникот се однесувал ментално нестабилно и претходно неколку пати бил предупреден за своето однесување, наводно под дејство на алкохол.
„МБК медија“ објави дека прес-службата на „Аерофлот“ одбила да даде коментар за инцидентот, упатувајќи ги на Националниот антитерористички комитет.