ПИВСКАТА ПАРТИЈА ПОЧНА КАКО ШЕГА, НО ПЛАНИРА ДА БИДЕ СЕРИОЗЕН ИГРАЧ НА ГОДИНАШНИТЕ ИЗБОРИ ВО АВСТРИЈА

    ПИВСКАТА ПАРТИЈА ПОЧНА КАКО ШЕГА, НО ПЛАНИРА ДА БИДЕ СЕРИОЗЕН ИГРАЧ НА ГОДИНАШНИТЕ ИЗБОРИ ВО АВСТРИЈАНа чело на партијата е лекарот и рок музичар Доминик Влацни (Фото: АФП)

    Австриската Пивска партија, формирана главно како шега, се надева дека ќе успее да им нанесе некаков удар на поетаблираните партии откако нејзиниот лидер Доминик Влацни најави учество на годинашните парламентарни избори. Основана во 2015, партијата стана позната по лесни и забавни проекти, како иницијативата за поставување фонтани за пиво во Виена, но во последно време се фати и за посериозни теми, како борба против корупција и подобрување на јавниот здравствен систем.

    На изборите во 2019 таа освои само 0,1% гласови, но затоа Влацни беше трет на претседателските избори во 2022 со 8,3% гласови. Овој 37-годишен лекар е и рок музичар со уметничко име Марко Пого.

    Зошто го правиме ова? Не сакаме да воздивнуваме, туку да ги правиме работите сами. Убедени сме дека Пивската партија може да даде позитивен придонес во парламентот“, изјави Влацни.

    Тој вели дека партијата планира да го зголеми своето активно членство од 1.300 на 20.000 до крајот на април, со што би собрала и средства за учество на изборите.

    Пивската партија е критички настроена кон десничарската Слободарска партија и првенствено им се обраќа на левичарските гласачи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира