ПЛАЌАЈТЕ ВО РУБЛИ ИЛИ НЕМА РУСКИ ГАС ОД УТРЕ, КАЖА ПУТИН

    ПЛАЌАЈТЕ ВО РУБЛИ ИЛИ НЕМА РУСКИ ГАС ОД УТРЕ, КАЖА ПУТИНПутин им порача на западните земји да отворат сметка во рубли во руските банки (Фото: ЕПА)

    Владимир Путин изјави дека потпишал декрет според кој странските купувачи ќе мора да го плаќаат рускиот гас во рубли од 1 април, во спротивно договорите ќе бидат запрени.

    „За да го купите рускиот природен гас, мора да отворите сметка во рубли во руските банки. Почнувајќи од утре, токму преку овие сметки ќе се плаќа за испораките на гасот. Доколку таквите плаќања не се извршат, тоа ќе го сметаме за неисполнување на обврските од страна на купувачот и постоечките договори ќе бидат стопирани. Нам никој ништо не ни продава бесплатно, а ние не сме хуманитарна организација“, изјави Путин.

    Русија обезбедува една третина од гасот за Европа и тој останува најмоќната алатка на Путин додека земјата е соочена со западните санкции поради инвазијата на Украина.

    Западните компании и влади го отфрлија потегот на Путин како кршење на постојните договори, кои се поставени во евра и долари. Сепак, Франција и Германија веќе кажаа дека се подготвуваат за најлошото сценарио и прекин на испораката на рускиот гас, што би можело да предизвика енергетска криза во Европа.

    „Нема да дозволиме Путин да нè уценува. Договорите мора да се почитуваат, но подготвени сме на сè ако Путин одлучи да го запре гасот“, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек, чија земја е најголемиот купувач на рускиот гас во ЕУ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира