ПО 4 ГОДИНИ СУДЕЊЕ, САНАДЕР ОСУДЕН НА 4,5 ГОДИНИ ЗАТВОР

    ПО 4 ГОДИНИ СУДЕЊЕ, САНАДЕР ОСУДЕН НА 4,5 ГОДИНИ ЗАТВОРИво Санадер е осуден за злоупотреба на службена положба и земање провизија додека беше на премиерската функција. (Фото: Кропикс)

    Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер и уште двајца обвинети во случајот „Планинска“ се прогласени за виновни од судот во Загреб четири години по почетокот на судењето. Санадер е осуден на четири и пол години затвор и со оглед на тоа што казната е помала од пет години, нема да мора веднаш да оди во затвор, туку ќе почека на правосилноста на пресудата.

    Стефан Фиолиќ и Младен Млинаревиќ се осудени на по една година затвор, но нема да одат во затвор, бидејќи нивната казна е заменета со општествено корисна работа.

    Покрај затворската казна, на Санадер ќе му бидат одземени 2,3 милиони евра, кои ги примил од Фиолиќ во неговиот дом , а заедно со Фиолиќ и неговите компании ќе треба да ѝ врати на Хрватска уште два милиони евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира