ПО 51 ГОДИНА, ПРОНАЈДЕНА ФРАНЦУСКАТА ПОДМОРНИЦА ВО КОЈА ЗАГИНАА 52 МОРНАРИ

    ПО 51 ГОДИНА, ПРОНАЈДЕНА ФРАНЦУСКАТА ПОДМОРНИЦА ВО КОЈА ЗАГИНАА 52 МОРНАРИТочната причина за несреќата на „Минерв“ никогаш не е откриена (Фото: Гети)

    Француска подморница која исчезна пред повеќе од 50 години е пронајдена од тим истражувачи, објави министерката за одбрана Флоранс Парли.

    „Ова е големо олеснување и технолошки подвиг. Мислам на семејствата кои го чекаа овој момент толку долго“, изјави Парли.

    Педесет и двајца морнари биле во подморницата „Минерв“ кога таа исчезна во близина на пристаништето на Тулон во јануари 1968 година. Сите претходни мисии за нејзино откривање беа неуспешни.

    Новиот тим повторно ги анализираше податоците од несреќата, вклучувајќи плими, за да ги лоцира остатоците од подморницата со помош на најсовремена технологија. Таа на крајот беше пронајдена 45 километри од Тулон, на длабочина од 2.370 метри.

    Точната причина за несреќата никогаш не е откриена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира