ПО ПРИМЕРОТ НА БАЛКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ, И ШВЕЃАНИТЕ ГИ БОЈКОТИРАА СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПОРАДИ ПОСКАПУВАЊАТА НА ХРАНАТА

    ПО ПРИМЕРОТ НА БАЛКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ, И ШВЕЃАНИТЕ ГИ БОЈКОТИРАА СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПОРАДИ ПОСКАПУВАЊАТА НА ХРАНАТАГодишните трошоци за хранење на едно семејство во Шведска се зголемиле за 2.770 евра од јануари 2022 (Фото: Шатерсток)

    По Хрватска, Македонија, БиХ, Србија, Црна Гора и Бугарија, и Швеѓаните се одлучија за бојкот на супермаркетите поради постојаниот раст на цените. Откако во февруари беа забележани најголемите поскапувања на храната во последните две години, илјадници луѓе низ Шведска се придружија на седумдневниот бојкот на најголемите супермаркети во земјата.

    Помогната од популарни објави на ТикТок и Инстаграм, кампањата стана национална тема на разговор.

    Според некои проценки, годишните трошоци за хранење на едно семејство во Шведска се зголемиле за дури 30.000 круни (2.770 евра) од јануари 2022. Наскоро се очекува пакет кафе да го достигне симболичниот праг од 100 круни (девет евра). Тоа е зголемување за повеќе од една четвртина од почетокот на минатата година, според владината агенција за статистика.

    Шведската иницијатива за бојкот побара од потрошувачите да престанат да купуваат во големите продавници за храна во знак на протест против зголемените цени.

    Немаме што да изгубиме. Цените на храната вртоглаво пораснаа, додека големите производители прават профит од милијарди евра на наша сметка“, стоеше на социјалните мрежи.

    Граѓаните го припишуват растот на цените на „олигополот“ на супермаркетите и големите производители, кои му даваат приоритет на нивниот профит пред клиентите, како и недостатокот на конкуренција помеѓу компаниите. Супермаркетите, пак, ги обвинуваат далекусежните фактори, како војната, геополитиката, цените на стоките, жетвата и климатската вонредна состојба.

    Чоколадото најмногу поскапело минатиот месец, за 9,2%, зејтинот за 7,2%, кашкавалот за 6,4%, а млекото за 5,4%.

    Сега се најавува тринеделен бојкот на водечкиот ланец на супермаркети „Ика“, а подоцна ќе се додадат и други фирми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира