ПО „ТВИТЕР“, И „МЕТА“ НА МАРК ЗАКЕРБЕРГ ПЛАНИРА ДА ОТПУШТИ ИЛЈАДНИЦИ ВРАБОТЕНИ

    ПО „ТВИТЕР“, И „МЕТА“ НА МАРК ЗАКЕРБЕРГ ПЛАНИРА ДА ОТПУШТИ ИЛЈАДНИЦИ ВРАБОТЕНИ„Мета“ оваа година изгубила 500 милијарди долари од пазарната вредност (Фото: ДПА)

    „Мета“, компанијата на Марк Закерберг која ги поседува Фејсбук и Инстаграм, планира да почне со масовни отпуштања оваа недела, што ќе опфати илјадници вработени, објави „Вол стрит џурнал“, а ова официјално ќе биде објавено најрано в среда. Од компанијата одбија да го коментираат ова.

    Минатиот месец, „Мета“ прогнозираше слаб трет квартал од годината и значително зголемување на трошоците следната година, со што ќе се избришат околу 67 милијарди долари од пазарната вредност на компанијата. Ова се надоврзува на досегашните загуби од 500 милијарди долари оваа година.

    Разочарувачките резултати се должат на бавниот глобален економски раст, конкуренцијата на ТикТок, грижите околу масовното трошење на метаверзумот и секогаш присутните закани од регулација. Извршниот шеф Марк Закерберг очекува инвестициите во метаверзумот да се исплатат дури за една деценија. Во меѓувреме, се замрзнуваат нови вработувања, се запираат проекти и мора да се реорганизира тимот за да се намалат трошоците.

    Ова следува само неколку дена откако „Твитер“ отпушти околу половина од своите 8.000 вработени, а кратење работни места имаше и во „Снепчет“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира