ПОЧИНА АЛБЕРТО ФУЏИМОРИ, БИВШИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПЕРУ, ВО ЧИЈА ВОЈНА СО БУНТОВНИЦИТЕ ЗАГИНАА 69.000 ЛУЃЕ

    ПОЧИНА АЛБЕРТО ФУЏИМОРИ, БИВШИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПЕРУ, ВО ЧИЈА ВОЈНА СО БУНТОВНИЦИТЕ ЗАГИНАА 69.000 ЛУЃЕФуџимори избега од земјата, но беше уапсен и екстрадиран, по што беше осуден и затворен (Фото: АФП)

    Алберто Фуџимори, бившиот претседател на Перу кој беше обвинет за кршење на човекови права и за корупција, почина на 86 години. Тој беше претседател на Перу од 1990 до 2000, кога беше принуден да се повлече поради корупциски скандали.

    Фуџимори зазеде цврст пристап кон левичарската герила, поради што го обвинуваа за кршење на човекови права, додека неговите поддржувачи сметаат дека тој ги победил бунтовниците во времето кога тие сакале да ја преземат власта,

    Фуџимори избега од земјата, но беше уапсен и екстрадиран, по што беше осуден и затворен. Беше ослободен во декември минатата година откако отслужи 15 години од 25-годишната затворска казнз.

    Син на јапонски имигранти, Фуџимори владееше со железна тупаница. Неговите поддржувачи го опишуваат како човек кој го спасил Перу од бруталната маоистичка бунтовничка група и ја вратил економијата на земјата на вистински пат, додека за илјадници невини жртви на конфликтот тој бил авторитарен и брутален водач.

    Тој беше избран за претседател во 1990, кога бунтовниците беа на врвот на силата. Две години подоцна го затвори Конгресот и иако неговата влада успеа да ги порази бунтовниците, во оваа војна загинаа 69.000 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира