ПОЧИНА АМЕРИКАНСКИОТ СЕНАТОР ЛИНДСИ ГРЕАМ, ЕДЕН ОД НАЈВЛИЈАТЕЛНИТЕ РЕПУБЛИКАНЦИ И КЛУЧЕН СОЈУЗНИК НА ТРАМП

    ПОЧИНА АМЕРИКАНСКИОТ СЕНАТОР ЛИНДСИ ГРЕАМ, ЕДЕН ОД НАЈВЛИЈАТЕЛНИТЕ РЕПУБЛИКАНЦИ И КЛУЧЕН СОЈУЗНИК НА ТРАМПГреам беше клучна фигура во Републиканската партија и со текот на времето стана еден од најблиските сојузници на Доналд Трамп, иако во минатото јавно ја критикуваше неговата кампања. (Фото: Икс)

    Американскиот сенатор Линдси Греам почина на 71-годишна возраст по кратка и ненадејна болест, соопшти неговиот кабинет. Службата за итна помош реагирала во неговиот дом во Вашингтон по повик за срцев удар во саботата навечер.

    Греам беше клучна фигура во Републиканската партија и со текот на времето стана еден од најблиските сојузници на Доналд Трамп, иако во минатото јавно ја критикуваше неговата кампања. По објавувањето на веста, Трамп го опиша Греам како еден од најголемите луѓе и сенатори што ги познавал, како и вреден патриот. Меѓу нив имаше и јавни несогласувања, како во случајот со одлуката на Трамп за помилување на дел од учесниците во нападот на Капитол од јануари 2021 година, за што Греам предупреди дека може да поттикне ново насилство.

    Како истакнат застапник за силна одбрана, тој се залагаше за долгорочна национална безбедност преку војната против тероризмот. Тој важеше за силен поддржувач на Израел и Украина, а израелскиот министер за одбрана Израел Кац изрази длабоко сочувство за смртта на политичарот кој стоеше зад Израел во најтешките моменти.

    Пред да почине, Греам беше во посета на Киев каде што оствари средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во врска со одбранбените капацитети и санкциите кон Русија. Греам тогаш изјави дека Кина може да има клучна улога во притисокот врз Москва за постигнување мир бидејќи Пекинг поседува големо влијание на глобално ниво.

    Во својата долга кариера, Линдси Греам беше член на Претставничкиот дом од 1994 година, а во Сенатот беше избран во 2002 година. Неодамна раководеше со Комитетот за буџет на Сенатот и беше активен член во неколку други клучни собраниски тела.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира