Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол почина денеска на 87-годишна возраст во својот дом во Лудвигсхафен. Кол беше канцелар на Германија од 1982 до 1998 година и еден од учесниците во паѓањето на Берлинскиот ѕид.
Тој ја покрена иницијативата за соединувањето на Западна и Источна Германија и беше „движечка сила“ за воведувањето на единствена европска валута, убедувајќи ги скептичните Германци да се откажат од марките.
Кол е канцеларот кој во периодот по Втората светска војна постави рекорд според мандатот, задржувајќи се четири последователни мандати на кормилото на Германија.