ПОЧИНА ЈАПОНСКИОТ МОДЕН ДИЗАЈНЕР ИСЕЈ МИЈАКЕ

    ПОЧИНА ЈАПОНСКИОТ МОДЕН ДИЗАЈНЕР ИСЕЈ МИЈАКЕМијаке беше познат по неговите иновативни стилови и парфеми (Фото: АП)

    На 84 години почина револуционерниот јапонски моден дизајнер Исеј Мијаке. Познат по неговите иновативни стилови и парфеми, Мијаке изгради светски познат моден бренд, кој го вклучи и дизајнирањетo на легендарните ролки на Стив Џобс.

    Повеќе од 50 години беше познат по експериментите со модерните и традиционалните модни техники.

    Роден во Хирошима во 1938 година, имал само седум години кога градот бил разрушен од атомска бомба фрлена од САД. Одбиваше да зборува за тоа и во 2009 напиша во „Њујорк тајмс“ дека не сака да биде познат како „дизајнерот кој ја преживеал атомската бомба“.

    Во 1960 се преселил во Париз каде што работел со прочуените дизајнери Ги Ларош и Ибер де Живенши. Краток период живеел во Њујорк, од каде што во 1970-ите се вратил во Токио и го отворил своето дизајнерско студио.

    Во 1980-ите се прослави како еден од првите дизајнери во светот кој работеше со материјали како пластика, метал, хартија, но и традиционални јапонски материјали.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира