ПОЧИНА КЛАРК ОЛОФСОН, КРИМИНАЛЕЦОТ КОЈ БЕШЕ ИНСПИРАЦИЈА ЗА ТЕРМИНОТ „СТОКХОЛМСКИ СИНДРОМ“

    ПОЧИНА КЛАРК ОЛОФСОН, КРИМИНАЛЕЦОТ КОЈ БЕШЕ ИНСПИРАЦИЈА ЗА ТЕРМИНОТ „СТОКХОЛМСКИ СИНДРОМ“Олофсон беше дел бандата што ја изведе позната шестдневна опсада врз банка во Стокхолм, а заложниците почнале да симпатизираат со киднаперите — појава што подоцна ќе стане позната како „стокхолмски синдром“. (Фото: Гети)

    Еден од двајцата криминалци поврзани со познатата киднапирачка криза од 1973 година во Шведска, Кларк Олофсон, почина на 78 години по долга болест. Токму за време на таа позната шестдневна опсада врз банка во Стокхолм, заложниците почнале да симпатизираат со киднаперите — појава што подоцна ќе стане позната како „стокхолмски синдром“. Во текот на кризната ситуација, една од заложничките дури молела да замине со киднаперите, изразувајќи доверба во нив.

    По ослободувањето, заложниците одбиле да сведочат против нив.

    Иако „стокхолмскиот синдром“ е широко познат термин, експертите и денес дебатираат дали станува збор за вистинско психијатриско нарушување или само за механизам за справување со траума.

    Злогласната опсада на банката била иницирана од друг маж, Јан-Ерик Олсон. Откако зел како заложници три жени и еден маж, тој побарал Кларк Олофсон – со кого претходно се спријателил во затвор – да биде донесен од затворот во банката. Шведските власти се согласиле со неговото барање, и Олофсон влегол во банката, која била опколена од полицијата.

    Години подоцна, во интервју за весникот „Афтонбладет“, Олофсон тврдеше дека му било побарано да делува како човек од внатре за да ги заштити заложниците, во замена за намалена казна, но ги обвини властите дека не го исполниле договорот. Олофсон ја убедил една од заложничките, Кристин Енмарк, да разговара по телефон со шведскиот премиер во име на разбојниците.

    Таа молела да ѝ се дозволи да ја напушти банката со автомобил за бегство заедно со киднаперите, велејќи му: „Целосно му верувам на Кларк и на разбојникот… Тие не ни направија ништо. Напротив, беа многу љубезни… Верувајте или не, но навистина добро си поминуваме овде.“ Во текот на неколку телефонски повици, Енмарк изјавила дека се плаши полицијата да не ги повреди киднаперите и постојано ги бранела нивните постапки.

    Во своите мемоари, таа напиша за Олофсон: „Вети дека ќе се погрижи ништо да не ми се случи и јас решив да му верувам. Имав 23 години и се плашев за својот живот.“

    Заложничката криза заврши по шест дена, кога полицијата проби низ покривот и употреби солзавец за да ги совлада двајцата мажи. Првично, заложниците одбивале да ги напуштат киднаперите од страв дека полицијата ќе пука врз нив.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира