ПОЧИНА ЉУБИША САМАРЏИЌ, СЛАВНИОТ ГЛУМЕЦ ОД ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА

    ПОЧИНА ЉУБИША САМАРЏИЌ, СЛАВНИОТ ГЛУМЕЦ ОД ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈАСлавниот српски глумец има остварено 130 улоги во филм и во ТВ сериии. - (Фото: Н1)

    Прославениот глумец од поранешна Југославија Љубиша Самарџиќ починал по тешко боледување, јавија српските медиуми.

    Имаше 81 година и 130 улоги во филм и во ТВ серии. Роден е во 1936 година во Скопје во рударско семејство.

    Тој бил речиси цел месец на болничко лекување во Клиничкиот центар во Белград, на одделот за хематологија.

    Минатиот декември имал тешка операција тумор на мозокот, по што лекарите имале оптимистички прогнози, ни по три месеци повторно е примен во болница.

    Самарџиќ е познат по легендарните филмови од поранешна СФРЈ „Битка на Неретва“, „Бомбаши“, „Сутјеска“, „Љубовниот живот на Будимир Трајковиќ“, „Луди години“, „Татко на опеделено време“… и во ТВ сериите „Враќањето на отпишаните“, „Подобар живот“, „Полицаецот од Петлово брдо“…

    Последна улога му е во серијата„Мирис на дождот на Балканот“, која сам ја режираше во 2011 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира