ПОЧИНА МИЦОТАКИС, ПОРАНЕШНИОТ ГРЧКИ ПРЕМИЕР КОЈ ЈА БЛОКИРАШЕ МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА

    ПОЧИНА МИЦОТАКИС, ПОРАНЕШНИОТ ГРЧКИ ПРЕМИЕР КОЈ ЈА БЛОКИРАШЕ МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТАМицотакис беше лидер на Нова демократија од 1984 до 1993 година, а претходно, во неколку конзервативни влади тој ги извршуваше функциите министер за финансии и за надворешни работи. (Фото: АП)

    Поранешниот грчки премиер Константинос Мицотакис почина денеска на 99 години, соопшти неговото семејство.
    „Почина еден час по полноќ, опкружен со луѓето што го сакаа и што ги сакаше“, стои во краткото соопштение, во кое не се откриваат детали.
    Премиерската функција ја вршеше од 1990 до 1993 година, кога Македонија стана независна и го блокираше признавањето на Македонија во Европската унија.

    Мицотакис, кој е роден во 1918 година, се повлече од политичкиот живот во 2004 година, кога му истече последниот пратенички мандат.
    На чело на конзервативната партија Нова демократија беше од 1984 до 1993 година, а претходно, во неколку конзервативни влади тој ги извршуваше функциите министер за финансии и за надворешни работи.

    Неговиот син, Киријакос Мицотакис, е актуелен лидер на Нова демократија, а неговата ќерка, Дора Бакојани, е поранешна шефица на грчката дипломатија, поранешна министерка за култура, како и некогашна градоначалничка на Атина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира